Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Леонхард Готхилф Мазинг во 1890 година во Естонија ја одбранил докторската теза за засебноста на македонскиот јазик

0
By Zoran Ivanov on November 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 27, 2025 12:48

На денешен ден пред 135 години на Дерптскиот универзитет во Естонија денес Тарту, е одбранета првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик од балто-германскиот лингвист Леонхард Готхилф Мазинг.

Георги Гоце Дуртаноски

Леонхард Готхилф Мазинг е роден на 21 ноември 1845 година во с. Мустјала, на островот Езел (денес Саарема) во Естонија како син на свештеник од протестантската црква. Се образувал во Лајпциг, Гетинген и Дорпат (Тарту).

На 27 ноември 1890 година тој ја одбранил докторската теза за засебноста на македонскиот јазик со посебно внимание на рефлексите ќ/tj и џ/dj што претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката. Насловот на дисертацијата во оригинал гласи: „За јазичната определба на македонските Словени“ (Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj, 1890).

Следната година Мазинг издава дополнителна студија за македонскиот акцент: „Фонетиката и акцентот на македонскословенските дијалекти. Прилог кон нивната критика“ (Zur Laut und Akzentlehre der macedoslawischen Dialekte. Ein Beitrag zur Kritik derselben, 1891).

Леонхард Мазинг преку 45 години предавал на Дерптскиот универзитет на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје и одржувал курсеви по споредбено – историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, црковнословенски јазик, јужнословенска дијалектика, источноевропски јазици итн. Оттаму влегува и интересот за македонскиот јазик и неговата посебност.

Со докторската теза за македонскиот јазик како и останатите свои дела Леонхард Мазинг даде поттик за развој на македонистиката уште кон крајот на XIX век. Неговите дела ги привлекле и други автори на кој им била важна историјата на Кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика,  додека политиката и пропагандата им била туѓа.

За Македонија/македонскиот јазик во 1890 година вели:
„Во денешниве услови кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етно-историски граници за дефиниција на јазикот!„

Починал на 4 април 1936 година во градот Тарту.

Пред 10 години

Во негова чест, на денешен ден во 2015 година, во Универзитетската библиотека во Тарту беше отворена изложба посветена на авторот на првата докторска теза за македонскиот јазик Леонхард Готхилф Мазинг, а истовремено беа одбележани и 170 години од неговото раѓање.

Изложбата беше ретроспектива за неговиот живот и дело со фокус на 125 годишнината од одбраната на докторската теза за засебноста на македонскиот јазик како и неговите сестрани истражувања за географијата, историјата и етнографијата на Македонија.

Иницијатор и автор на изложбата беше проф. д-р Георги Гоце Дуртаноски кој оваа архивска граѓа ја истражуваше неколку години во Државниот архив на Естонија, Универзитетската библиотека, Естонскиот литературен музеј и архивата на Естонската евангелистичка црква.

Со инаугуративни говори изложбата ја отворија директорката на универзитетската библиотека Лиси Лембинен, македонскиот амбасадор во Естонија Сашо Велјановски, а свои излагања за ликот и делото на Леонхард Мазинг имаа: директорката на Колеџот за странски јазици и славистика проф. Љубов Кисељова, познатиот слависти и поранешен професор по славистика на универзитетот во Тарту проф. Александар Димитриевич Диличенко, естонскиот амбасадор за Македонија Даниел Шер, почесниот конзул на Македонија во Тарту Петер Роуз и авторот на изложбата проф. Георги Гоце Дуртаноски.

 

Дисертацијата од Мазинг преведена на македонски јазик

Овој значаен труд од Леонхард Мазинг конечно беше приопштен на македонски јазик од нашата сонародничка и лектор по македонски јазик Бранислава Драговиќ во 2022 година како индивидуално издание, по децениското  одбивање на државните институции да го објават ова капитално дело за македонистиката.

Објавувањето на преводот од Бранислава Драговиќ под наслов „Фонетиката и акцентот на македонскословенските дијалекти“ (дополнето издание кон дисертацијата од Мазинг од 1891 година) претставува драгоцен прилог кон историјата на македонскиот јазик и значаен прирачник за македонистите во светот.

 

 

дисертација јазик мазинг македонски посебност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.