Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Леталото што падна во Загреб стасало од правец на Унгарија, вонредно обраќање на хрватскиот министер за одбрана

0
By НОВА ТВ Balaban on March 11, 2022 НАСЛОВНА, РЕГИОН
FOTO Jutarnji list.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите надлежни служби беа вклучени веднаш по падот на беспилотен авион од воен тип, кој според досега собраните податоци, навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад или од унгарскиот воздушен простор со брзина од 700 км/ч на височина од 1.300 метри, објави предмалку Јутарњи лист.

Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ денеска во 11 часот ќе има вонредна прес-конференција по падот на леталото, најверојатно, дрон, синоќа по 23 часот во Загреб. Во тек е криминалистичка истрага во соработка со криминалистичката и воената полиција.

Хрватските медиуми јавуваат дека утринава бил одржан итен состанок на надлежните тела од безбедносно-одбранбениот состав во Канцеларијата на Советот за национална безбедност поради падот на леталото кај студентскиот дом во Загреб, по којшто хрватската Влада испратила соопштение:

– Во Канцеларијата на Советот за национална безбедност се одржа состанок на надлежните органи на безбедносниот и одбранбениот систем на кој присуствуваа вицепремиерот и министер за хрватски бранители г. Медвед, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Божиновиќ, министерот за одбрана Баножиќ, директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција г. Маркиќ, директорот на Воено-безбедносната разузнавачка агенција генерал-мајор Киндер и шефот на Канцеларијата на Советот за национална безбедност,  Фрањиќ. Сите надлежни служби беа вклучени веднаш по падот на беспилотен авион од воен тип, кој според досега собраните податоци, навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад или од унгарскиот воздушен простор со брзина од 700 км/ч на височина од 1300м, објави предмалку Јутарњи лист.

„Во тек е криминалистичка истрага во соработка со криминалистичката полиција и воената полиција, а во координација со безбедносниот и одбранбениот систем се преземаат и други мерки, вклучително и меѓународна соработка, особено со НАТО, за утврдување на сите околности“, се додава во соопштението од Владата.

Јутарњи лист објави и дека премиерот Андреј Пленковиќ, кој во Париз присуствува на неформалниот самит на Европскиот совет за Украина, ќе даде изјава за медиумите денеска околу 10.30 часот.

 

итен состанок Леталото Министер за одбрана правец стасало Унгарија Хрватскиот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.