Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Левица: Кривична пријава за финансиски криминал во МРТ – Цветковски ќе раководи со „Скопје 2028“

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2026 21:12

Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, кој предвидува и основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои.

Ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско прашање: врз основа на кое законско овластување е извршено ова назначување?

Според Предлог-законот, директорот на Фондацијата го именува Управниот одбор. Но Управен одбор сè уште не може да постои, бидејќи Фондацијата не е основана со закон. Ова покажува дека кадровските решенија се однапред договорени, а законот треба само дополнително да ги легализира.

Дополнително загрижува изборот на Марјан Цветковски, човек чие долгогодишно управување со Македонската радио-телевизија остана запаметено по финансиски проблеми, висока задолженост и бројни критики во ревизорските извештаи.

Во 2019 година, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Цветковски поради сомнение за злоупотреба на службената положба. Според тогашните информации, при обезбедување кредит од околу 2,5 милиони евра за набавка на техничка опрема, под хипотека бил ставен имот на МРТ без соодветна согласност од Собранието, при што била направена штета од околу 154 милиони денари.

Во текот на неговото раководење, ревизорските извештаи континуирано укажуваа на висока задолженост, одложени инвестиции и проблеми во финансиското работење на јавниот сервис. По 14 години директорски мандат, МРТ остана јавен сервис што заостанува зад националните радиодифузери во регионот.

Не треба да се заборави ниту дека неговиот реизбор за директор на МРТ беше проследен со сериозни правни контроверзии, бидејќи во јавноста беа изнесени аргументи дека најмалку четворица членови на Програмскиот совет, кои гласаа за негов избор, биле избрани спротивно на член 119 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Денес, истиот човек се поставува на чело на проект тежок над 20 милиони евра јавни средства, и тоа пред воопшто да биде формирана институцијата со која треба да раководи.

Уште позагрижувачки е што Предлог-законот за Фондацијата отвора сериозни дилеми околу начинот на трошење на јавните средства. Се предвидува посебен режим на набавки надвор од Законот за јавните набавки, концентрирани овластувања кај органите на Фондацијата, ограничена улога на Советот на Град Скопје и можност Фондацијата да располага со јавен и приватен имот за потребите на проектот.

Кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека директор се именува пред да постои Фондацијата и пред да биде формиран Управниот одбор кој, според самиот Предлог-закон, треба да го избере, основано се поставува прашањето дали се почитува правниот поредок или однапред се воспоставува модел во кој законските процедури се сведуваат на формалност.

Проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ треба да биде пример за култура, транспарентност и отчетност, а не пример како институциите се ставаат пред свршен чин, а законите се приспособуваат на однапред донесени кадровски одлуки.

И да не се заборави, Марјан ЦВЕТКОВСКИ СО МАНДАТ ОД 14 ГОДИНИ како директор на МРТВ е најголемиот виновник за катастрофата на националниот сервис кој е најслаб во регионот. Сега тој ќе раководи со Фондацијата што ќе го спроведува проектот „Скопје европска престолнина на културата”.

злоупотреби Левица МРТ Цветковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.