Published: Thursday, January 7, 2016 11:56
Најмалку 50 се мртви, а стотици се ранети во самоубиствен бомбашки напад врз полицискиот тренинг центар во Злитен, Либија, соопшти градоначалникот на Злитен Мифтан Лахмади, a пренесува ББС повикувајќи се на новинската агенцијата „Лана“ водена од меѓународно признаената влада на Либија.
Нападот се случил денеска по експлозија на камион во центарот кадешто во моментот биле собрани стотици регрути.
Се уште никој не ја превзмал одговорноста за нападот.




