Published: Monday, July 16, 2018 15:59
Либиските власти соопштија дека шест деца, еден маж и една жена, кои биле дел од поголема група мигранти, се задушиле во бродски контејнер во кој биле скриени во градот Зувара, објавија западните агенции.
Тие биле дел од групата од стотина мигранти кои подолго време биле скриени и заклучени во бродскиот контејнер. Локалните власти со објава на Фејсбук ја потврдиле информацијата.
Останатите 94 мигранти кои се Африканци, Арапи и Пакистанци се хоспитализирани.
Либија е една од главните транзитни точки за африканските мигранти кои сакаат да стасаат до Европа, посебно до Италија.
Од падот на власта во Либија во 2011 година, оваа земја стана центар за мелегална миграција кон Италија и до други дестинации во Европа.




