Published: Tuesday, January 20, 2026 08:29
Билјана Петровска: Камениот мост не сум го поминала питај бога од кога, да немав работа во Телеком уште долго не ќе го поминев. Она што го видов, ужас е благ збор. Едните голи лупаат на тарабука, други исполегнале на картони, трети играат комар. Трчаа странци за побрзо да ги одминат, ги нападнаа да им бараат пари.
Има ли институција да ги згрижи оние луѓе кој питачат на мостот?
Ја видел ли некој таа слика или ретко кој политичар иде пешки низ градов?
Орцо, ако заврши со китење сијалички, нека прошета малку низ центарот да си го види лицето на Градот.
Извор: Фејсбук



