Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина  

0
By Zoran Ivanov on October 24, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. заем за репарација за финансиска поддршка на Украина за 2026 и 2027 година.

Во заклучоците од вчерашниот Самит на ЕУ, усвоени доцна синоќа, во делот за Украина воопшто не се споменуваат руските средства, само се наведува дека Европскиот совет ги разгледал најновите случувања во врска со земјата и лидерите имале размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како анекс на документот, но не и негов официјален дел, се објавени и предлог-заклучоците за Украина за кои се вели дека биле „цврсто поддржани од 26 шефови на држави или влади“.

Белгискиот премиер Барт де Вевер вчера при пристигнувањето на Самитот најави дека ќе се спротивстави на носење политичка одлука за користење на руските средства, доколку не добие доволно гаранции од другите земји членки за споделување на ризикот од ваквата постапка.

Според извори во Советот, лидерите се обврзале да и ја обезбедат на Украина потребна финансиска поддршка за 2026 и 2027 година, и наложиле на Европската комисија што е можно поскоро да изнајде „опции“ за обезбедување на овие средства и се договориле на ова прашање да се навратат на следниот Самит на ЕУ во декември.

Во делот од заклучоците посветени на Блискиот Исток се поздравува постигнатиот договор за првата фаза од Сеопфатниот план за ставање крај на конфликтот во Газа, предложен од американскиот претседателот Доналд Трамп, како и исходот од Мировниот самит во Шарм ел-Шеик, одржан на 13 октомври 2025 година. Исто така, се повикуваат сите страни целосно да се посветат на спроведување на сите фази од договорот и да се воздржат од какви било активности што би ја загрозиле спогодбата.

Европскиот совет ја повторува посветеноста на Европската Унија кон меѓународното право и кон сеопфатен, праведен и траен мир заснован на решението за две држави во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, каде што две демократски држави Израел и Палестина живеат една до друга во мир во рамките на безбедни и признати граници, се вели во заклучоците.

Лидерите го поздравуваат го ослободувањето на сите заложници што ги држеше Хамас и повикуваат на итен и непречен пристап и одржлива дистрибуција на хуманитарна помош во голем обем во Газа, со цел да се ублажи тешката хуманитарна ситуација.

Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Палестинската самоуправа, вклучително и во нејзините тековни реформи и со цел нејзино враќање во Газа. Европскиот совет ја нагласува важноста од деескалација на состојбата на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим, и повикува на прекин на насилството на доселениците, вклучително и врз христијанските заедници, и на проширувањето на населбите, кои се нелегални според меѓународното право, и на запирање воената операција на Израел. Го повикува Израел да го поништи планот за населба Е1, кој дополнително го поткопува решението за две држави, се вели во заклучоците.

Во нив се поздравуваат и напорите на новите либански власти за стабилизирање на економската и безбедносната состојба во Либан и се поддржува планот на Владата за воспоставување монопол на државата врз поседувањето оружје.

Лидерите ја афирмираат и својата поддршка за мирна и инклузивна транзиција во Сирија без штетно надворешно мешање и ја нагласуваат важноста на заштитата на правата на сите Сиријци и на транзициската правда и помирувањето.

Европската Унија ќе продолжи да го поддржува патот на Сирија кон стабилизација и реконструкција, се додава во заклучоците.

Во врска со „предизвиците со домувањето со кои се соочуваат многу граѓани во Европската Унија“, Европскиот совет ја повикува Комисијата итно да подготви амбициозен и сеопфатен план за прифатливо домување, чија цел треба да биде да ги поддржи и надополни напорите на земјите членки за надминување на овој проблем.

Лидерите разговарале и за напредокот во спроведувањето на нивните претходни заклучоци за миграцијата и повикале да продолжат напорите за усвојување на релевантните законски предлози за миграцијата како прашање од приоритет.

Европскиот совет ја поздрави и цврста посветеност и ефикасните мерки на властите на Молдавија за заштита на интегритетот на неодамнешниот изборен процес и за обезбедување слободни и фер избори и покрај континуираните руски хибридни активности за поткопување на демократските институции на земјата.

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со Република Молдавија за да ја зголеми отпорноста и стабилноста на земјата и да се стреми да извлече поуки од искуството на земјата, се вели во документот.

Во заклучоците се потврдува и цврстата поддршка на ЕУ за европскиот пристапен пат на Молдавија и се поздравува „значајниот напредок“ што земјата го постигнала досега.

Европскиот совет ги охрабрува Република Молдавија, Советот на ЕУ и Комисијата да продолжат со работа на пристапниот процес во согласност со принципот базиран на заслуги. Кластерот „Основни вредности“ ќе биде отворен прв и затворен последен, а кластерите ќе бидат отворени кога ќе бидат исполнети условите во согласност со методологијата за проширување. Европскиот совет целосно ја зема предвид проценката на Комисијата дека кластерите „Основни вредности“, „Внатрешен пазар“ и „Надворешни односи“ се подготвени за отворање, се додава во заклучоците.

Во заклучоците има и посебни делови посветени на одбраната и безбедноста и на конкурентноста и енергетската и зелената транзиција.

 

ЕУ лидери согласност Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.