Published: Monday, August 26, 2019 14:43
Лидерите на земјите од Г7 денеска постигнаа договор на самитот во Бијариц со 20 милиони долари финансиски да се помогне во напорите за гасење на пожарите во Амазонија.
-Стварноста е дека за итна помош навистина е потребно финансирање, бидејќи нема доволно пари за да се овозможи да полетаат авионите за борба против пожарите, изјави анонимен извор за британските медиуми, што ја потврди бројката од 20 милиони долари.




