Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите на Германија, Шпанија и Португалија ги повикаа Французите да гласаат за Макрон

0
By Соња Крамарска on April 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Германија, Шпанија и Португалија јавно го поддржаа Емануел Макрон пред утрешниот втор круг од претседателските избори во Франција, повикувајќи ги француските гласачи да ги поддржат „слободата, демократијата и посилна Европа“ и да извлечат поуки од Брегзит.

Во една крајно невообичаена интервенција на изборите во друга земја, Олаф Шолц, Педро Санчез и Антонио Коста рекоа во авторска колумна во водечкиот француски дневен весник Le Monde дека гласањето во вториот круг во Франција е „за нас, а не избори како сите други“.

Иако по име не ги спомнаа Макрон или неговата екстремно десничарска ривалка Марин Ле Пен, германскиот канцелар од левиот центар и шпанските и португалските премиери рекоа дека „се надеваат“ дека ќе победи визијата на актуелниот претседател за „Франција, Европа и светот“.

Гласањето е избор помеѓу „демократски кандидат кој верува дека Франција е посилна во моќна и автономна ЕУ и кандидат од екстремната десница кој отворено застанува на страната на оние кои ја напаѓаат нашата слобода и нашата демократија“, велат тие. На ЕУ и треба Франција која ќе остане „во срцето на европскиот проект“, рекоа тие, продолжувајќи да „ги брани нашите заеднички вредности“ во „силна и дарежлива Европа“. „Се надеваме дека граѓаните на Француската Република ќе го изберат тоа“.

Долгогодишниот евроскептик Ле Пен, која, според анкетите, заостанува зад Макрон, се откажа од ветувањето на претходните избори дека ќе го напушти еврото и ќе ја напушти ЕУ. Но, голем дел од нејзината сегашна платформа ќе имплицира кршење на правилата на ЕУ и единствениот пазар, велат експертите, што ќе доведе до „Frexit во сè освен во име“.

Во освртот на одлуката на Британија да го напушти блокот, тројцата лидери рекоа дека „вратете ја контролата“ беше „ветување на заговорниците на Брегзит но дека Брегзит наместо тоа „го наруши транспортниот и синџирот на снабдување на Велика Британија, предизвика колапс во нејзината надворешна трговија и забележани стапки на инфлација повисоки отколку во еврозоната“. Оние во Велика Британија кои требаше да бидат „првите корисници на напуштањето на ЕУ – работниците, младите и ранливите – се оние кои на крајот најмногу страдаа“, им порача моќната европска тројка на Французите пред утрешното гласање.

Лидерите рекоа дека исходот од изборите е клучен „за Франција и за сите нас во Европа“ поради руската војна против Украина. „Популистите и екстремната десница во сите наши земји го направија Владимир Путин идеолошки и политички модел“, напишаа тие, мислејќи на минатите восхитувачки забелешки на Ле Пен за рускиот претседател.

Портпаролот на изборната кампања на Ле Пен рече дека надворешните интервенции на изборите ретко се добредојдени од гласачите или ефективни, додавајќи дека има и други влади на ЕУ кои ја споделуваат нејзината визија за „сојуз на суверени нации“. (Гардијан)

европски лидери Емануел Макрон претседателски избори Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.