Published: Saturday, August 22, 2015 17:01
Еден од судовите во Египет, денеска го осуди на доживотен затвор поранешниот лидер на забранетото движење „Муслиманското Братство“, Мохамед Бади.
Пресудата следува по случајот во кој нападната беше полициска станица во крајбрежниот град Порт Саид во 2013 година, кога беа убиени петмина полицајци и повредени десетици цивили.
Ова се случи по крвавите репресии на силите за безбедност против два исламистички протестни кампа во Каиро.
Доживотен затвор под обвинение за поттикнување насилство и учество во него добија и 18 членови на движењето, а меѓу нив и еден од лидерите на „Муслиманското Братство“, Мохамед ел Белтаги и Сафуат Хегази.
На други 76 лица поврзани со Братството им се суди во отсуство.




