Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерска средба за новиот предлог за решавање на спорот за името

0
By Нова ТВ on May 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 19, 2018 09:56

Државниот врв денеска ќе разговара за последниот предлог за решавање на спорот за името, за кои преговараа премиерите Заев и Ципрас на Самитот во Софија.

На средбата во Клубот на пратениците се поканети претседателот Иванов, претседателот на Собранието Џфаери, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски и претседателот на ДУИ Ахмети.

Премиерот Заев не сакаше да го коментира најновиот предлог за решавање на спорот за името,  за да се даде шанса да успее преговарачкиот процес.

Присуството на средбата го потврди македонскиот претседател Ѓорге Иванов, од чиј кабинет вчера соопштија дека тој ја прифатил поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба.

Иванов на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името, истакнаа вчера од кабинетот на претседателот. 

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна оти ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации.

Денеска и грчкиот премиер Алексис Ципрас во претседателската палата во Атина  ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името.

Последниот предлог за решавање на спорот за името е „Република Илинденска Македонија“, кој наводно бил прифатен и од грчкиот премиер Ципрас.

„Извор близок до премиерот Заев и до министерот за надворешни работи  Димитров за „Катимерини“ споменал дека двете страни се дојдени блиску до договор за името „Илинденска Македонија“. „За Скопје овој предлог се однесува на историскиот настан Илинден (Свети Илија) и на вооруженото востание на „македонскиот народ“ против Отоманите, пишува грчкиот весник Катимерини.

Од кабинетот на Ципрас, пак, соопштија дека ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина.

„Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија“ пишува во  соопштението од Владата на Ципрас.

 

лидерска средба спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.