Весна Костовска: Во овие денови, кога наши сограѓани немаат вода за пиење, фокусот треба да биде исклучиво на решавањето на оваа тешка, животозагрозувачка состојба.
Особено, од страна на челниците на позицијата и опозицијата.
Но, како неизоставен модел, многу посилно одекнуваат меѓусебните обвинувања во однос на вистинската, заедничка желба да се реши проблемот, и да им се помогне на граѓаните.
Цело време ми фрчат, ѕвонат изборните поени што ги збираат, врз основа на меѓусебните обвинувања.
Како дури, справувањето со ужасот да се губи во втор план, од тоа пинг-понг префрлување на вината.
Лидерството е огромна обврска.
Пред сè, вистинското лидерство подразбира искрена, длабока емпатија кон граѓаните.
Доста веќе со читачи на напишаните изјави, опкружени со сопартијци ко мумии…
Сега, особено ни треба хумана спонтаност во дејствувањето …
Извор: Фејсбук



