Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лилјана Поповска: 8 Септември, препознаен историски миг

0
By НОВА ТВ Balaban on September 7, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 7, 2021 11:46

Пишува: Лилјана Поповска

Денот на независноста на македонската држава, 8 Септември, е потсетник дека историските мигови треба да бидат препознаени и искористени на најдобар начин од политичките елити и од граѓаните. Успешниот референдум на 8 септември 1991 година значеше пресврт за иднината на Македонија, која како република во полураспадната федерација се извлече на мирен начин, си ги спаси децата од војникување во веќе однародената армија и започна самостоен пат како држава. Ова беше остварување на сонот на многу генерации Македонци и на безброј борци за слобода и за независна своеименска држава.

Дали беше едноставно да се препознае мигот и шансата? Да, за оние што ги следеа и ги разбираа политичките случувања во Југославија по расколот предизвикан од Милошевиќ на последниот конгрес на СКЈ. Да, и за сите оние што знаеја светска и балканска историја, па можеа лесно да ги претпостават линиите на поделбите и на бојните полиња, секаде каде што имаше допир на различни етницитети и сфери на интерес однадвор. Но, имаше и многу магла во дел од општеството, улулкано во конфорноста на една стабилна и организирана држава, не сакајќи да види дека од таа држава, практично, не остана речиси ништо. Оттаму и самите дебати и расправии помеѓу луѓето за тоа дали треба или не треба да се остане во Југославија, беа трагично беспредметни. Се губеше време и фокус од суштинското – одлука за следните чекори.

А Словенија и Хрватска веќе се беа откажале од заедничката држава, кога пропадна идејата за нејзино трансформирање во конфедерација. И двете републики со референдуми се определија за независност (едната во декември 1990, другата во мај 1991), а официјално и двете прогласија во јуни 1991 година. Тоа беше повод во Словенија да започне 30-дневен воен судир со единиците на ЈНА, кој заврши со потпишување мир, повлекување на војската и признавање на независноста.  Во Хрватска и во БИХ, пак, започна крвава етничка војна, која траеше цели четири години. Иронично болно, првата жртва во југословенските војни беше македонскиот војник Сашко Гешковски од Кавадарци, кој загина во сплитските немири во мај 1991. По ова стана јасно за многу Македонци дека југословенската војна не е за одбрана на заедничката држава, туку војна за освојување територии. Тоа беше освестување за многумина да си ги повлечат децата од ЈНА, за да не бидат топовско месо за туѓи интереси.

Во вакви драматични услови, секоја република започнуваше помалку или повеќе самостојна политика, но под сенката на можен судир со ЈНА. Македонското собрание ја усвои Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година, по што следеше и одлука за распишување референдум. Но и потоа, во Собранието продолжија јалови дебати како понатаму, со кого, против кого… Се водеше специјална војна, оркестрирана од Милошевиќ, а поддржана од инсталирани структури на стариот систем, со цел да не успее референдумот и Македонија да остане во скратената федерација со Србија и Црна Гора.

Каква самостојност, се ширеа гласини, ќе умреме за јадење, нема да имаме млеко и колбаси без Југославија, нема да имаме репрезентација без Звезда и Партизан, каква култура без белградските глумци, или си со нас или си против нас, не може да си за себе… Антикампањата беше многу посилна од „кампањата“ за успешност на референдумот, која едвај почна последните десетина дена пред гласањето, со отпори и во дел од политичката елита и во медиумите. Белград беше моќен центар, кому не му одговараше македонската самостојност.

Но, референдумот за самостојност на 8 септември 1991 година покажа дека ниедна кампања не е посилна од тивкото пренесување на сонот за самостојна македонска држава уста на уста, со генерации. Историскиот момент беше препознаен од огромното мнозинство и сонот стана реалност.

8 септември колумна Лилјана Поповска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.