Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Липовски – Османи: Континуирана поддршка на Чешка за влез на Северна Македонија во ЕУ

0
By Ана Василевска on February 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Липовски - Османи
Липовски - Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка.

„Важен аспект на дешената посета е секако процесот на прошивање на ЕУ и драго ми е што после првата меѓувладина конференција започнаа преговите за пристапување на Северна Македонија во јули минатата година под наше претседавање со ЕУ. Се надевам земјата ќе продолжи со реформите и ќе ги донесе уставните измени. Го уверив мојот колега дека може да смета на континуирана чешка поддршка на патот кон ЕУ“, нагласи Липавски на прес-конференцијата, по средбата со Османи.

Тој потенцираше дека Северна Македонија е пријател и НАТО сојузник на Чешка и оти се се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика, како што се цени и се забележува во сите извештаи.

„Очекуваме Северна Македонија да стане дел од ЕУ во меѓувреме и натаму ќе нудиме наша помош и соработка на тој пат“, истакна Липавски.

Министерот за надворешни работи на Чешка посочи дека како знак на одличните односи меѓу Република Чешка и Северна Македонија денес во Скопје се и претседавачот на Комисијата за европски прашања и Комисијата за надворешни работи од нивниот Парламент.

Липавски упати покана до Османи за присуство на форумот на ОБСЕ за животна средина кој традиционално се одржува во септември во Прага.

Османи, по средбата посочи дека тој и неговиот чешки колега разговарале за билатералните односи што забележуваат нагорен тренд, надминувајќи 250 милиони евра трговска размена во 2022 година.

„Го информирав министерот за нашиот економски советник што е задолжен за земјите на Вишеградската група и очекувам да ги зајакнеме економските односи меѓу двете земји, не само од аспект на трговската размена туку и преку искористување на можните  чешки директни инвестиции“, рече Османи.

Министерот за надворешни работи, во својство на претседавач на ОБСЕ, на средбата ја отворил и темата за сериозното нарушување на европската безбедносна  архитектура потикната од воената агресија на Русија врз Украина.

„Го претставив нашиот највисок приоритет како претседавач, а тоа е да запре натамошното човечко страдање, да ја ставиме во функција организацијата со теренските мисии за да ги ублажиме последиците од војната, но и да спречиме нови кризи и да обезбедиме поддршка за ранливите региони, следејќи го слоганот на нашето претседавање, а тој гласи „за луѓето се работи“, нагласи Османи.

Тој осврнувајќи се на билатералниот скриниг, на прес-конференцијата посочи дека според прелиминарните информации, земјата и институциите покажуваат високо ниво на подготвеност за спроведување на тој процес, што, како што истакна, се должи на силната политичка волја во Северна Македонија, се разбира и долгогодишното искуство коешто имаме.

Во однос на последните случувања со Бугарија, односно создадените тензии меѓу двете земји, Османи порача да се прекине тој циклус на на влошенилоши односи и да се вратиме на позитивната агенда со цел продолжување таму каде што застанавме.

Бујар Османи Јан Липавски Македонија Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.