Украинските сепаратисти кои имаат поддршка од Русија тврдат дека целосно го опколиле клучниот град Лисичанск во источниот регион Луганск.

„Народната полиција на Луганск и руските сили ги зазедоа последните стратешки брда што нѝ овозможува д потврдиме дека Лисичанск е опколен во целост“, изјави портпаролот на сепаратистичките сили, Андреј Марочко за новинската агенција ТАСС.

Заземањето на градот ќе им овозможи на Русите да се пробијат во длабочина во поширокиот регион на Донбас, кој стана жариште на нивната офанзива по неуспешниот обид за освојување на Киев.

Русија пред некој објави дека ја зазела рафинеријата во Лисичанск која се наоѓа на повеќе од 15 километри од самиот град.