Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници.

Листата опфаќа 4425 субјекти, фирми, граѓани . Тие на државата и должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход.

Близи 11 милиони евра или најмногу на државата и должни охридски  АД Отекс.

Седум милиони евра за ДДВ и данок на добивка должи Јавното претпријатие „Македонија пат“ а трет најголем должник на листата се запиша Македонската Радио Телевизија која има долг од  1,4 милиони евра за данок на добивка.