На 24.10.2021, во 22.30 часот во ПО-Велешта Т.Ш. (32) пријавил дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани пред кафе бар додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот.

Потоа, според пријавеното, лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.