Ливерпул го совлада Манчестер сити на „Кинг пауер“ стадионот со 3:1 и го освои првиот трофеј во новта сезона или популарниот „Комјунити шилд“.

Стрелци за „црвените“ беа Александер Арнолд во 21-та минута, Мо Салах од пенал во 83-та минута и Дарвин Нуњез во четвртата минута од екстра времето. Единствениот погодок за „граѓаните“ беше дело на Алварез во 70-та минута.