Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лога: Процесот на реформи во правосудството е ултраинклузивен

0
By Marija Todorovska on December 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2023 15:49

Процесот на реформи во правосудството, според министерот за правда Кренар Лога, е ултраинклузивен, особено, како што рече, во делот на тоа што цело време е следен од страна на Брисел и од европската делегација во државава.

Во изјава за медиуми по денешниот брифинг на кој беше презентирана Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028, министерот изјави дека е во интерес на државата што побрзо да се донесат и Кривичниот законик и Граѓанскиот законик.

– Верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ на крај ќе ги гласа бидејќи можеби тие утре ќе се на власт и ќе бараат помош и од другата страна. Се работи за битни документи за државата. Законикот не се донесува секоја година, децении се во прашање. Процесот е досега ултраинклузивен и исто така со меѓународниот фактор, а особено во делот на тоа што цело време е следен од страна на Брисел и од европската делегација во државава, рече Лога.

Во однос на прашањето со Законот за Судски совет, тој информираше дека веќе има добиено допис од страна на работната група и треба да се обратат до претседателот на државата, до Собранието и до Здружението на судии, каде тие директно ќе се вклучуваат во овој процес.

– Ќе ги кажат своите ставови, дали се задоволни од нивните предложени кандидати денеска членови на Судски совет, ако не, тогаш ќе треба директно и тие да се вклучат во овој процес или да ги повикуваат на одговорност во Собрание, односно претседателот на државата. А исто така, дали би било подобро да се конкретизира процесот на одговорност на тие членови кои се дел од судиите, значи осумтемина кои се дел од судиите во овој процес, посочи министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање каде го лоцира проблемот што има дефицит на судии, тој одговори дека судството во последните години е на тапет и сега, како што рече „и работи кои не се во одговорност на правосудниот систем правосудниот систем ги носи како товар’.

– Ние имаме веќе стратегија и за тој дел. Ќе имаме анализа на функционалноста и рационализација, оптимизација на тие судови дали се потребни на некои делови во државата, бидејќи каде што имаше судии и обвинители немаме население или обратно, каде што имаме население недостасува број на судии и обвинители. Верувам дека после стратегијата ние ќе седнеме со сите институции и со анализа ќе кажеме дали и каде има потреба и каде нема потреба, рече Лога, дополнувајќи дека верува дека кадровското прашање ќе биде задоволено со последните генерации излезени од Академија на судии и јавни обвинители.

Во врска со информациите ги објави Државната комисија за спречување на корупција во врска со судија од Основен суд Тетово кој поправал оцени и дал лажен податок за постигнат успех, министерот рече дека го осудува таквото постапување.

– Ја осудувам бидејќи или принципот треба да е ист за сите граѓани или тој принцип веќе не е принцип. Од друга страна, сега на потег е Судски совет. Ако дозволува такви кадри да одлучуваат за наши судбини тогаш вие знаете каде е одговорноста. Јас немам таков директен инструмент, но ќе побарам како и за другите предмети они да се дигнат на ниво на законската можност што тие ја имаат за да покренат дисциплинска и друга одговорност, рече Лога.

Министерот беше прашан и во врска со одлучувањето за одговорност на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, при што одговори дека не гледа проблем по однос на ова прашање.

– Добро е кога во јавноста се споделуваат сите факти и аргументи. Значи, од една страна имаме работи кои се кажани од претседател на Врховен суд а кои треба да ги испитува Судски совет и дотука јас не гледам никаков проблем врзан со ова прашање. Понатаму, цела јавност ќе дознае, ако имаме индивидуално решавање на предмет за други цели тоа не треба да е дел од праксата на нашиот систем, рече Лога.

Во однос на изборот на член на Државната изборна комисија, тој вели дека проблемот би се решил најбезбелно доколку се прошири составот на ДИК.

– Јас не би сакал да коментирам во тој дел како министер за правда. Од друга страна, како политичар јас знам дека 2020 година имавме таква пракса каде мнозинството во тој дел имаше пет члена на ДИК и двајца беа од опозицијата и изборите беа фер, слободни и демократски. Така што, ако имате еднаш вие таков принцип и е пројден во вашиот систем тогаш зошто да не се дозволува иако јас сум на тоа дека има можност да се прошири составот на ДИК со по уште еден член. Значи, и за опозицијата, така што најбезболно ќе се реши тој проблем, бидејќи имате партија со осум пратеници која е четврта политичка партија, а имате и помали партии кои со еден пратеник бараат да се дел од ДИК. Не мора да е тоа девет, значи или седум или девет. Ова го кажувам како претставник на политичка партија, како министер кажав и повторувам дека тоа е работа на Собранието и не сакам и нема да е мешам во тој дел, рече Лога.

Дик Лога правосудство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.