Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лојд Остин во Киев: Русија е пречка за мирот во источна Украина

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска ја повика Москва да престане да ја продолжува војната во источна Украина, пренесоа француските меидуми.

-Повторно ја повикуваме Русија да ја прекине окупацијата на Крим и да престане да ја одржува војната во источна Украина, да ги прекине своите дестабилизирачки акции во Црното Море и на границите на Украина, рече Остин на средбата со својот украински колага, министерот за одбрана Андриј Таран.

„Русија ја почна оваа војна и тоа е пречка за нејзино мирно решавање“, додаде тој.

Остин денеска е во Киев на разговари за напредокот во одбранбената соработка меѓу двете земји, врз основа на Стратешката одбранбена рамка, план за билатералната соработка во одбраната и политиката, објавен во Вашингтон на почетокот на септември.

Остин наведе дека неговите средби со Таран и претседателот Владимир Зеленски, втори за помалку од два месеци, се важни за изградбата на соработката меѓу црноморските држави, вклучувајќи ги и Грузија и Романија, за да се спротивстават на зголемената руска активност во Црното Море.

Одговарајќи на европската загриженост дека САД во моментов го фокусираат најголемиот дел од својот безбедносен фокус на Кина и Индо-Пацификот, Остин кажа дека „овој регион останува клучен за нас“.

Таран рече дека Украина ја задржува довербата во САД и покрај неодамнешното напуштање на Авганистан, по 20-годишната војна против талибанците.

-Не се сомневаме во поддршката на нашиот стратешки партнер, рече тој.

„САД ја разбираат важноста на борбата на Украина за независност, за спречување на руската агресија“, додаде Таран.

За време на средбата со американскиот секретар за одбрана, остварена доцна попладнево, претседателот Зеленски ја поздрави поддршката на Вашингтон, изјавувајќи дека „САД остануваат главен партнер на Украина во безбедноста и одбраната“.

„Ви благодарам на вас и на претседателот Бајден за вашата континуирана поддршка за Украина, за нашиот суверенитет и територијален интегритет“, рече Зеленски, цитиран од неговата канцеларија.

Но, Остин не одговори на желбата на Украина да премине од стратешки партнер во полноправна членка на НАТО.

Лојд Остин Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.