Руската владејачка партија „Единствена Русија“ поддржана од претседателот Владимир Путин изгуби околу третина од местата во московскиот Парламент и засега не се знае кој ќе ја има власта во главниот град на Русија.
Според првичните резултати од локалните и регионалните избори кои вчера се одржа во Русија, по преброени 99,47 отсто од гласовите, од вкупно 45 места во московската Дума, „Единствена Русија“ освои 28, Комунистичката 14, „Јаблоко“ и „Правична Русија“ по три.
Одзивот на вчерашните избори бил прилично низок и според Централната изборна комисија изнесувал само 21,69 отсто.
Во Русија вчера беа спроведени и локални и регионални избори, на кои во различни региони гласачите избираа гувернери, законодавни собранија, градски парламенти и градоначалници. Првичните резултати покажуваат јасна победа уште во првиот круг за кандидатите на власта во 16-те региони каде се избираа гувернери. Премиерот Дмитриј Медведев изјави дека партијата „Единствена Русија“ ја сочувала водечката позиција.




