Локалните избори во Бугарија, судејќи според излезните анкети, повторно ја потврди политичката доминација на партијата на десниот центар ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Главниот противкандидат, социјалистите и либаралите од прозападниот блок, не успеаја да остварат мнозинство во главниот град Софија, и другите поголеми градови, пренесуваат американските медиуми.
Излезноста вчера е 43 отсто, а набљудувачите наведуваат дека многумина не сакале да гласаат, бидејќи сметале дека исходот од изборите е однапред познат.
Во Софија, кандидатот на ГЕРБ, Јорданка Фандакова, се соочи со силна конкуренција која ја предводеше Маја Манолова, независна кандидатка која беше поддржана од неколку опозициски партии.
Резултатите од анкетите покажуваат дека Фандакова осовила 35 отсто од гласовите, а Манолова 26 отсто. Со оглед на фактот дека ниту еден кандидат не освои минимум 50 отсто од гласовите во првиот круг, на 3 ноември двете кандидатки ќе се соочат во вториот круг од гласањето.
Над 6 милиони избирачи со право на глас гласаа на овие локлани избори во Бугарија, кои бираа претседатели на општините, општински советници и власт на други локални нивоа.




