Во Хрватска денеска се одржува првиот круг од локалните избори на кои право на глас имаат повеќе од 3,7 милиони граѓани. За 9.500 различни функции на локално и регионално ниво на власт пријавени се повеќе од 47.000 кандидати. На изборите учествуваат 126 политички партии.
Онаму каде што гласањето нема да ги даде градоначалниците, жупаните и општинските началници, вториот круг ќе се одржи на 4 јуни.
Кампањата пред изборите ја одбележа раскол во ХДЗ и заминување на некои членови од партијата кои самостојно се кандидираа. Нивниот успех според, аналитичарите ќе биде пресуден за натамошната судбина на партијата, која актуелниот премиер се обидува да ја врати на позицијата десен центар.
Она по што овие избори се различни од досегашните е воведувањето на тнр. женска квота.
Секоја партија или независна листа мора да има најмалку 40 отсто жени на листите. Оваа законска одредба е испочитувана, бидејќи од вкупно 47.575 кандидати, на листите има 19.825 ќени или 41 отсто, додека 27.750 (51%) се мажи.
Во споредба пред 4 години, направен е голем напредок, бидејќи тогаш имало 28,24% ѓени на листите.
Хрватска е поделена на 20 жупании, 127 градови, 428 општини и градот Загреб, кој има статус на град- жупанија, каде според аналитичарите вториот круг е извесен. Засега единствено не е познато кој би му бил противкандидат на актуелниот градоначалник Милан Бандиќ.




