Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локалните избори на 17 октомври, измените на Изборниот законик неизвесни

0
By НОВА ТВ on July 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а претседателот на Собранието ќе ги распише на 6 август. Но, останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура.

Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати. Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

Шефот  на државата смета и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.

Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но реакциите особено беа во однос на два отсто изборен праг за оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи.

Покрај дел од помалите политички партии, забелешки на предложените измени на изборните правила искажаа и Антикорупциската комисија, Транспаренси интернешенел Македонија и повеќе граѓански здруженија. Тие сметаат дека носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес се спротивни на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и на добрите практики со кои се препорачува стабилна изборна рамка.

Собранискиот спикер Талат Џафери во однос на измените на Изборниот законик вчера на средба со новинарите не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците што започнува на 1 август. Напомена дека матичната Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите. Голем дел од поднесените амандамни кои се околу над 700, се формално уредни, додаде Џафери.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, пак, очекува да има промени и подобрувања во текстот на Изборниот законик. Вели дека начелно е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекува веднаш по одморите, на средина на август, измените да бидат изгласани во Собранието.

-Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент се уште се работи на тој текст. Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници координаторите на четирите најголеми партии, но тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен. Има уште време, иако не премногу, но верувам дека по одморите ќе биде донесен, рече вчера Маричиќ.

Посочи дека идејата е во законот да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и да се направат подобрувања на процесот, во интерес на демократизација на изборите и поголемо учество на граѓаните.

На забелешките Левица зошто за овој закон се договараат само најголемите партии, а не и помалите, Маричиќ рече дека вообичаено Изборниот законик досега се договарал токму меѓу четирите најголеми партии, кои имаат членови во Државната изборна комисија.

-Овој пат имаше работна група во Министерството за правда, која направи основен текст, потоа четирите најголеми партии го разгледаа и дадоа свои забелешки. Го изменија текстот, и потоа текстот беше консултиран за првпат најинклузивно што е можно со помалите партии во Собранието, кои немаат пратеничка група, меѓу кои и Левица, рече Маричиќ.

Министерот подвлече дека во однос на Изборниот законик и ОБСЕ и претседателот го кажале своето мислење, но како што рече, подобро е да се почека за да се увиди во која форма ќе биде донесен законот и со кои решенија, за да може потоа да се коментираат наредните постапки.

Тој напомена дека консултациите траат постојано, односно темата е отворена веќе неколку месеци.

-Во оној момент кога ќе имаме законски текст кој ќе биде усогласен, и за кој ќе сметаме дека ќе биде подобар од овој кој што е во моментов во Собранието, ќе биде повторно предложен и тој ќе биде изгласан. Меѓутоа во секој случај добро е да има измени на Изборниот законик, во смисла на препораките на ОБСЕ/ОДИХР пред се, но и некои други решенија кои се битни за изборниот процес пред да одиме на избори во октомври, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.

закон избори Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.