Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локалните избори носат промени и во Владата и во Парламентот

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера завршените локални избори доведоа до драстични промени во локалната власт, каде изминатава деценија доминираше сега опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Но резултатите навестуваат и промени во владиниот, но и во парламентарниот состав, откако дел од досегашните владини функционери и пратеници, станаа локални.

Промени во владиниот состав засега се очекуваат на челната позиција во Министерството за здравство бидејќи Арбен Таравари, кој доаѓа од Алијансата на Албанците, стана градоначалник на Гостивар.

Нов човек во Владата на премиерот Зоран Заев треба да дојде и на местото министер без ресор задолжен за странски инвестиции откако синоќа Рамиз Мерко од ДУИ го победи Зијадин Села од Алијансата на Албанците во Струга.

Градоначалник на Чаир стана Висар Ганиу од ДУИ кој беше заменик министер за образование.

Нови лица и во Парламентот

Во средината на оваа недела се очекува Парламентот да ја продолжи работата по вчерашниот втор круг од локалните избори. Според најавите од Кабинетот на спикерот Талат Џафери на првата седница ќе бидат констатирани оставките на двајца пратеници од албанскиот блок поднесени пред изборите, ќе биде проследена и информацијата за неколкумината пратеници кои освоија градоначалнички мандати, како и верификација на новите.

На местото на Билал Касами од БЕСА, кој не успеа да ја освои градоначалничката функција во Тетово, доаѓа Неџбедин Каремани. Оставка поднесе и Бардуљ Даути од ДПА кој беше кандидат за градоначалник на Тетово, но се уште не се знае кој ќе седне во пратеничката функција наместо него.

Следна на листата на ДПА во ИЕ 6 од каде доаѓа тој е Мерал Узаири Ферати, а зад неа Имер Алиу.

Пратеничката група на СДСМ исто така ќе претрпи персонални промени откако градоначалници станаа на Скопје Петре Шилегов, на Карпош Стефан Богоев, на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Куманово Максим Димитриевски, на Гевгелија Сашко Поцков, на Струмица Коста Јаневски и на Штип Благој Бочварски.

Нивните пратенички места се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.

Промени во парламентарните соодноси се очекуваат и откако меѓу двата круга Чедомир Саздовски од ГРОМ го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе функционира како независен пратеник, а не како дел од пратеничка група на опозицијата.

Арбен Таравари Влада Заев. оставки локални избори 2017 Мерко парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.