Published: Wednesday, April 15, 2015 13:55
Клучниот град Рамади во Ирак за неколку часа може да падне во рацете на џихадистите на ИСИС кои секојдневно приграбуваат делови од градот, предупредуваат локалните власти.
Рамади се наоѓа на само 70 километри од Багдад, и е главен град во провинцијата Анбар.
Земник-шефот на Анбар за CNN, вели тешко дека владините сили ќе можат уште долго да вршат отпот на џихадистите.
Тој ја повика владата на Ирак да придонесе со засилување а Меѓународната коалиција предводена од САД да изврши воздушни напади врз позициите на ИСИС.
Неговото предупредување доаѓа еден ден откако средба остварија премиерот на Ирак Хаидер ал-Абади и американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон.




