Се додека полицијата не го истражи инцидентот, ќе го третираме ова како терористички напад, вели градоначалникот на Лондон, Садик Кан по инцидентите пред британскиот Парламент.
– Веднаш е отворена истрагаи би сакал да и се заблагодарам на полицијата и на службите за итни случаи кои ја гарантираат нашата безбедност со нивната брза и храбра реакција во тешки времиња, изјави Кан.
Засега се уште е нејасно што точно се случи пред Парламентот и на мостот Вестминстер, но има убиени и повредени.