Во домот на британскиот премиер Кир Стармер во северен Лондон избувна пожар, по што полицијата започна истрага.
Надвор од имотот Кентиш Таун беше поставен кордон, со присуство на пожарникари и полицајци.
Пожарот на имотот на британскиот премиер Стармер избувнал рано утрово. Влезот во куќата бил оштетен во пожарот.
Полицијата извршила увид. Никој не е повреден. Предизвикана е поголема материјална штета, јавуваат британските медиуми.