Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лондон воведе санкции за блиски соработници на руските олигарси

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Велика Британија денеска соопшти дека воведува санкции за луѓе блиски до руските олигарси, вклучително и членовите на придружбата на Роман Абрамович и Алишер Усманов, кои ги обвинува дека им помагале да го скријат својот имот.

Меѓу погодените од новите британски санкции се Деметрис Јоанидес и Христодулос Василијадес, двајца кипарски државјани. Според Лондон, првиот стои зад офшор структурите што ги користел Роман Абрамович за да скрие 760 милиони британски фунти (863 милиони евра) пред да биде санкциониран по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Британските санкции се насочени и против неколку структури на мрежата на Алишер Усманов, како и против членови на пошироките семејства на други олигарси.

„Нема каде да се крие“, предупреди британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли додавајќи дека Велика Британија ќе ја отсече „руската елита“ од имотот што нејзините членови мислеле дека успеале да го скријат.

Лондон тврди дека замрзнал повеќе од 18 милијарди фунти (20,4 милијарди евра) руски средства од почетокот на инвазијата врз Украина.

Велика Британија Руски олигарси санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.