Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лондопн: Кир Стармер замина – Енди Барнам нови британски премиер

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 20, 2026 18:08

Повеќе од една деценија Лабуристичката партија ја водеа пратеници од Лондон, па интересите на главниот град постојано беа блиску до врвот на партиската агенда. Со Енди Барнам на чело, рамнотежата може да се промени.

Енди Бeрнам, политичарот со прекар „кралот на северот“, денеска треба да стане нов премиер на Обединетото Кралство, откако без противкандидат беше избран за лидер на владејачката Лабуристичка партија по оставката на Кир Стармер.Неговото доаѓање на „Даунинг стрит 10“ означува драматично враќање во централната политика за човек кој речиси една деценија ја градел својата моќ надвор од Вестминстер, како градоначалник на Голем Манчестер.

Барнам ќе стане 59. британски премиер и седмиот човек што ќе ја води владата во последната деценија. Тој се врати во Парламентот само неколку недели пред да ја преземе Лабуристичката партија, а неговиот брз подем покажува колку длабока била кризата во која западнале Стармер и неговото раководство.

Повеќе од една деценија Лабуристичката партија ја водеа пратеници од Лондон, па интересите на главниот град постојано беа блиску до врвот на партиската агенда, пишува „Би-би-си“. Со Барнам на чело, рамнотежата може да се промени. Неговата политичка кариера во Голем Манчестер се темелеше врз барањето повеќе пари, овластувања и инвестиции да се пренесат од Вајтхол кон регионите.

Барнам стекна национална препознатливост за време на пандемијата на ковид-19, кога остро ги бранеше интересите на Северна Англија и влезе во судир со централната власт околу ограничувањата и финансиската поддршка. Тогаш го доби прекарот „кралот на северот“. Неговиот непосреден стил и дистанцирањето од традиционалната политика на Вестминстер му помогнаа да стане еден од најпопуларните лабуристички политичари.

Во кампањата за партиски лидер тој вети дека ќе води „поинаква политика“ и дека ќе отвори „нов пат“ за Британија. Неговата главна порака е дека животот мора да стане подостапен, а регионалните нееднаквости да се намалат. Тој најави „раст во секој поштенски број“ и пренесување повеќе политичка и финансиска моќ од централната влада кон локалните власти.

Таквата агенда има поддршка и во делови од лондонскиот деловен сектор. Џон Дики од „БизнисЛДН“, организација што претставува стотици компании во главниот град, ја поздравува идејата за децентрализација, пишува „Би-би-си“. Според него, сегашниот модел е неправеден: кога во Лондон се реализира развоен проект, најголем дел од приходите од ДДВ, данок на доход, придонеси и даноци на имот завршуваат кај централната влада, додека, пак, локалниот совет добива многу малку.

Ова покажува дека децентрализацијата не мора автоматски да значи префрлање ресурси од Лондон кон северот. Таа може да значи и повеќе приходи и самостојност за самиот Лондон. Но, дел од политичарите во главниот град стравуваат дека реториката за „изедначување“ на регионите може да се претвори во намалување на инвестициите во најголемиот економски центар на земјата.

Барнам вети дека ќе биде лидер „за северот, југот, истокот и западот, за Шкотска, Велс и за Северна Ирска“. Како „крал на северот“ ја изгради својата политичка сила. Како премиер ќе мора да докаже дека може да владее за целото кралство.

 

б.премиер британски новарнам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.