– Кога криминалците се аболицираат, а оние што протестираат против неправдата завршуваат на информативни разговори, немаме право да останеме неми, изјави лидерот на Либералната партија Ивон Величковски, по повод приведувањето на Здравко Савевски.

– Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните. Обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија. Вечерва сум на протест. Ќе бидам и ќе бидеме заедно со секој што мисли слободно, со секој што се чувствува либерал, со секој што ја сака граѓанска Република Македонија. Ве повикувам да бидеме заедно, не затоа што така вели Либералната партија, туку затоа што така треба. Полицијата не може да биде полиција на Чавков, туку на граѓаните. Обвинителството не може да биде на Зврлевски, туку на Република Македонија. Се гледаме во 18 часот пред СЈО, истакнува Величковски во писмената изјава.