Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Магла од прав

0
By Zoran Ivanov on February 4, 2026 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 4, 2026 16:06

Зоран Иванов

Ова интервентниве институциски реакции во одбрна на новинарот на Канал 5 Тв, Видиновски, оваа грижа поттикната од Фејсбук навредите спрема него, а предизвикани од негов ТВ прилог во кој тој регистрира урбана некултура на некого или на некои од персоналот во бугарската амбасада во Скопје, се реакции глупави и параноични.
Ступидни реакции на институции, партии политички па и на здруженија еснафски и тоа, еве, поради една, две прости причини.
Колку што забележав, Фејсбук јасно упатува дека навредите, па и заканите, доаѓаат од очигледни интернет примитивци скрибомани.
Од фаци природни или од ботови задскриени сеедно.
Па дури и да се тие произведени во некаков креиран центар со умисла за ваков тип активности, исто така, сеедно.
И за вакви неотесани Фејсбук анонимуси, за вакви ликови на кои тоа им е карактер или работа, е доволно само едно Фејсбук игнор или еден Фејсбук блок.
Но, овде, овде за грст Фејсбук глуперди се крена пола држава.
Се потресоа новинарски здруженија, политички партии, дури шокантно црешната на шлагот ја стави Јавното обвинителство.
И тоа, веројатно под стрес од реакцијата на моќната анти ЕУ владејачката структура, побрза да се вклучи во институционалната Дон Кихотска битка со невидливиот бугарски непријател кој му се заканува на македонскиот слободоумен, прогресивен, непартиски и независен журнализам.
И отвори предмет и тоа, пазете, како што прецизира во соопштението, по допрен глас.
И уште, и по службена должност.
Каков ли куриозитет.
По допрен глас и по службена должност.
И каква ли посветеност на правосудскава институција која на идентични појави досега, читаше, слушаше, гледаше и со прст не мрднуваше.
Од толку допрени гласови за криминали, корупции, кражби на државни пари, од толку фалшиви тендери, од толку јавни Фејсбук и прес навреди и закани на виновни и на не виновни јавни личности и новинари и функционери актуелни и не актуелни, ЈО денеска се закачи за десетина, петнаесетина бугарски љајтуши и ботови кои навредувале и се заканувале.
Во случајов, правот патриотски го замагли еден општо корисен Тв прилог на еден посветен Тв новинар кој со теми за нашето, а еве, и за некои странски дипломати, аљкаво секојдневие, го бели образот на македонското новинарство.
Но другата димензија на актуелните реакции предизвикани од Фејсбук навредите и Фејсбук заканите субјективни или нарачани, неважно, но важно напишани од анонимни бугарски граѓани или од некои овдешни или тамошни штапски ботови, сеедно, е што реакциите на македонските новинарски здруженија, на македонски политички партии и посебно на државни институции како нашево Јавно обвинителство, се реакции во кои смислено е вбризгана доза хистерија.
Очигледна доза кабинетски креирана анти бугарска хистерија сместена во духот на ескивирањата на македонските евроинтеграции па, оттука, ова со навредите и заканите по новинарот, некому му дојде како кец на десетка за да запафта по пепелта колку на млако да се одржува конфликтот за кој нема повод, а кој упорно го негува нашата актуелна дипломатија.
Како поинаку да се гледа на одбранбените реакциите со хистеричен призвук.
Реакции за содржини со кои социјалните мрежи се преплавени и во кои катадневно на удар од навреди, клевети па и на закани, се јавни личности меѓу нив и искусни и влијателни новинари.
За непримерните со навреди и закани атаци врз последниве, ретко јавно се пристутни здруженјата новинарски, а често јавно се отсутни политичките партии и јавните обвинителства.
Оттука, институционални реакции за Фејсбук навреди па и закани од Фејсбук анонимуси, во најмала рака е глупаво.
Ако за ништо друго, тогаш глупаво е поради не конзистентноста, не принципиелноста и поради селективнивноста на нивните постапки и на нивните обврски.
Посебно што во случајов е сосема карикатурно да се кренат цели здруженија, партии и институции само за неколкумина забегани фејсбук типови.
И да се возбудат за содржини чии автори ниту се бугарски јавни личности, ниту се бугарски политичари, ниту пак се тоа реакции на некои бугарски институции.
Сеʼ на сеʼ, овдешна бенигна партиско штабска креација за карциномна местенка за тоа колку сме ние фините, а колку се тие лошите.
Или, сеʼ на сеʼ – магла од прав.

 

 

 

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.