Зоран Иванов
Кога стана министер времен се однесуваше како палав арлекин.
Тогаш напишав, има текст по архивите, дека изигрува арлеркин, забвувач на јавниоста.
Еве, не сум погрешил.
Дечкото актуелен министер за Внатрешни работи да си даде оставка.
Ако има малку доблест, тоа треба да го стори веднаш.
Има таму во МВР професионалци да си ја туркаат работата.
Има и поумни, поскромни, поспособни и поинвентивни професионалци.
И за утврдување на факти и за излегување по пресови.
Денеска маше шанса но, во овие најтажни миоменти за Македонија, Тошковски не си ја заслужи довербата.
Не сум и нема да бидам во редот на оние кои на случајов тажен кабинетски се осилуваат, кои му бараат линч на лична вина. Не.
Му барам само „линч“ на функцијата за која денеска се покажа дека е недораснат.
Затоа што со својата непримерна ароганција и со своето сезнајковство, ги понижува новинарите, ја понижува јавноста, ги понижува блиските на жртвите.
И, што е и тема на овој текст, човекот нема доблест за министер.
Министер со доблест, со карактер и со чувство за сочувство, до сега ќе соопштеше дека си си заминува.
Ќе си се повлечеше безусловно не затоа што е, и не е, директен виновник, туку затоа што од позиција на неговата позиција ја има моралната цивилизациска обврска да си замине поради неговата по функција морална одговорност.
Па, министре, ајде, јавноста го чека потегот на вашата доблест.