Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Објектот не е на државата туку е на Аеро клубот и на скопјани  

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2026 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2026 13:59

Зоран Иванов

Се пофали министерот вице премиер Николовски дека нема да го урива бесправно изградениот објект на спортскиот Аеродром во скопски Стенковец.
Државата ќе го легализирала и ќе го дала на користење на државната Агенција за воздухопловство.
Фино.
И очекувано.
Објектот е граден со пари на членовите на Аероклубот „Скопје“ и со, објавија од клубот, плус сто илјади евра донација од ЕУ, пари наменети за скопските воздухопловци, аматери и ентузијасти.
Објектот го градеа тие самите. Тие.
Исто како што тие самите ја изградија и тревнатата писта на спортскоиот аеродром на стенковечката локација и кои на времето на раце го преселија металниот хангар од стариот спортски аеродром од сегашната истоимена скопска населба и општина.
Самите со своите раце и со својата пот.
И сега министере и држава Македонија, најмалку е фер да им го одземате објектот на вистинските градители и сопственици.
Секако дека е убаво што министерот и државата ќе го легализираат објектот на спортскиот аеродром „Скопје“ кај Стеновац, но не е убаво што сакаат да го конфискуваат.
Да го узурпираат и да го одземат од тие на кои де факто им припаѓа и на кои им е потребен за нивните едукативни и спортски активности.
Ако државата бар малку, конкретно власта, се грижи за санирање на дефицитот од пилоти, едриличари и падобранци, за толку потребниот а толку дефицитарен кадар за разни редовни и посебно за разни вонредни случувања, тогаш рационално би било и да не им ги одзема елементарните услови на воздухопловците волонтери.
Еве и шанса да покаже разбирање и грижа. Барем толку Македонија може да им учини на скопските воздухопловци. На спортистите ентузијасти и волонтери со над стогодишна традиција.
Да го стори тоа на готово и да им го отстапи на трајно користење на воздухопловните моделари, на спортистите падобранци, на спортските пилоти на едрилици и на пилотите на спортските и на малите комерцијални авиони.
Патем, на времето, управувана токму од менталитетот на оваа идентична власт, државата ги набрка воздухопловците спортисти од нивните децениски простории во центарот на Скопје, а сега истата таа „хумано“ се фали дека објектот диво изграден и со ЕУ пари, немала да го руши туку ќеда го дадела во сопственост на државната Агенција за воздухопловство која одамна потфрли со отсуството континуирана грижа за обнова на воздухопловниот кадар и дозволи аеро клубовите во земјава материјално да бидат игнорирани и запоставени.
А токму тие, аеро клубовите, некогашните воздухопловни школи, се единствениот извор на македонскиот воздухопловен потенцијал.
Впрочем, да повторам за да не се заборави дека аеродромот со „голи раце“ го градеа генерации членовите на скопскиот аероклуб, па и „дивиот“ објект и металниот хангар и пистата не се на државата туку со тапија тие се на градот Скопје и им припаѓаат на членовите на Аероклубот „Скопје“ и на скопјани.
Значи, пак, објектот не го градеше државата и не е на државата туку е на Аеро клуб „Скопје“ и на скопјани.
При крај, збор, два за граѓанските реакции за узурпациите од страна на државата на диво изградените објекти.
Таа, јавноста, овој пример со конфискувањето и со легализацијата на диво изградениот објект во Стенковец, го посочува како фина опција државата која толку се сили на волонтерите воздухопловци, истите мускули да ги употреби и за конфискување на диво изградените станбени блокови и по истата аналогија да постапи и со бесправните станбени блокови.
На оние во Чаир и на сите други низ државава.
Да ја провери нивната безбедност и дивите станбени згради да ги додели на министерството за труд и социјална политика за во нив да згрижува социјално загрозени семејства.
И да даде пример дека и урбаното дивеење не се исплатува и дека стопанот на државното е државата.
Наше, на јавноста, е да потсетиме. Алатките се кај министрите.

 

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.