Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Така е ЗНМ, партиите подалеку од медиумите ама и уредниците подалеку од штабовите партиски

0
By Zoran Ivanov on January 21, 2026 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2026 20:44

Зоран Иванов

Цитат: Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ и Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, изразуваат сериозна загриженост и најостра осуда на зачестените јавни напади, дисквалификации и етикетирања на новинари и медиуми од страна на политичката партија СДСМ. Последниот таков случај се однесува на јавното таргетирање и етикетирање на телевизијата „Алфа“ преку партиски соопштенија и јавни изјави, што претставува директен притисок врз медиумот и неговите новинари.

Убава поента. Така е. Партиите подалеку од медиумите.

Што подалеку.

Туку, тука во ова соопштение некој во ССНМ или некој во ЗНМ, малку како да ги измешал лончињата.

Имено, синдикатот, чија задача во суштина е да се грижи, да реагира, да се бунтува за социјалните правди и неправди врз новинарите, како да ја презема улогата на новинарското еснавско здруженија чија елементарна обврска е да реагира со теми како оваа во соопштение во кое, тема за синдикатот нема.

Но оваа субјективна забелешка ја оставам на внатрешните релации на ЗНМ и на ССНМ.

Суштината на реакцијата на овие редови на овој lu-ping е да ја сподели загриженоста и да ја поздрави и да ја поддржи содржината на конкретново соопштение било да е тоа напишано во ЗНМ или во политички амбициозниот ССНМ, овде е споредно.

Централното е ЗНМ некогаш сепак да се охрабри и да реагира и во спротивна насока.

Новинарските, уредничките, водителските автори да ги потсети и на нивните морални обврски.

Да потсетува на кодексот новинарски, да почне да зборува и за моралните програмски девијации во медиумите, да потсетува на етичките стандарди и да им укажува на уредниците на неморалните медиумски постапки.

Па, и да укажува на екстремните појави во медиумите, на оние кои себеси се преставуваат како информативни гласила, а кои, во суштина, во своите програмски производи, манифестираат стигми и кои без ронка скрупули, говори, изјави, ситуации, вадат од еден и ги сместуваат во друг, во очигледно партиско пропаганден контекст, а го прават тоа затоа што, речено едноставно, им се може.

Но тоа, таквите новинарски местенки кога, во името на една политичка структура за сметка на друга, новинарството игнорира едни за сметка на други факти, кога тврди, обвинува и клевети без да истражи или барем без да праша, кога неосновано јавно и медиумски уредувачки мести, кога пенали партиски конкуренти, тоа, нели ЗНМ, не е слобода на изразување и уште помалку независно новинарство.

Или …

Но, така е ЗНМ, партиите подалеку од медиумите ама, ајде, и уредниците подалеку од штабовите партиски.

И ајде, конечно и конкретно, отворете дебати, анализирајте, изнесете оценки и за медиумите и за нивните уредувачки политики.

Смело и професионално проговорете и за тоа кој како и колку со апла евидентни партиски пропаганди, го труе јавниот простор.

И кој тоа го загадува етерот кој од граѓаните им го довериле.

Не ќе е тоа мешање во медиумските слободи, туку ќе е тоа колегијален еснафски придонес во одржување бар на елементарно коректноти новинарски стандарди.

Ајде ЗНМ и збор, два, соопштение, две „сериозна загриженост“ и за професионалноста во редакциите, за уредниците и за водителите во нив.

Ајде „сериозна загриженост“ и за етиката актуелна медиумска, редакциска, уредничка, водителска – за етиката новинарска.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.