Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Уредници, добро утро!

0
By Marija Todorovska on March 15, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Иванов

Во Србија се случи народ.

Не само денеска и вечерва.

Се случува цели 3.5 месеци.

Студенти, професори, ученици, адвокати, медицинари, земјоделци, глумци, сликари, …, граѓани.

Цели 3.5 месеци македонските ТВ и Веб портали, освен тука и таму по некој повремено, тие 3.5 српски бунтовни месеци против тамошниот корумпиран режим, нашиве журналисти ги отспаа.

Го премолчуваа упорно и посветено како катадневниот бунт да се случува некаде на друга планета, а не тука до нас во Белград, Нови Сад, Ниш, Смедерево, Краљево, Кругујевац, ….

На крајот, сепак, како под самосугестија на сопствената новинарска и уредничка совест или посебно на раздвижените влијателни странски медиуми на темата “српски протести“, дури по нешто завчера, вчера и конечно по посветено денеска, се подразбудија уредниците на нашите медиуми.

Се загнаа малку поупорно да информираат за стодневните српски демократски движења.

Но очигледно е дека со причини или од заблуди, сеедно, на некои овдешни медиуми не им се “допаѓаат“ Србија и Србите.

На други демократијата воопшто.

Трети како да немаат нерв за важните политички и општествени процеси.

Како и’ да е, кои и’ да се мотивите за таквиот медиумски игнор на толку атрактивните српски демократски случувања, ваквиот уреднички и уредувачки однос на најголемиот број македонски медиуми зборува за една неверојатно примитивна и  непрофесионална журналистичка мустра.

А ги има за да информираат.

Само да известуваат за настаните, а не, поради субјективни сакања и несакања, да игнорираат настани, посебно случувања тука до на нашата граница.

Но, еве, се разбудија. Конечно.

Па, уредници, добро утро.

веб портали Зоран Иванов протести Србија ТВ уредници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.