Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Врелиот костен на Кошта

0
By Zoran Ivanov on May 16, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 16, 2025 21:41

Зоран Иванов

Дојде Кошта, Претседателот на Европскиот Совет, дојде, им го фрли врелиот костен на Мицкоски и Сиљановска и си замина.

И баш им е гајле и на Антонио Кошта и на Урсула фон дер Лајен и на цела ЕУ за гордоста на двоецот Мицкоски – Сиљановска.

Уште помалку им е гајле што македонските политичари со најодговорни функции се однесуваат нај неодговорно за својата држава и за нејзините граѓани.

И што блокадата на Македонија и на нејзините граѓани не доаѓа од ЕУ туку од своите највисоки функционери.

И баш им е гајле на сите во ЕУ што не` блокираат нашите највисоки функционери што самите ние сме си ги одбрале и што самите ние сме си ги избрале.

И баш ич не им е гајле што веќе цела една година, од ланскиот мај наваму, не ЕУ туку дека нашите од овде, не` блефираат и не` мафтосуваат со гачките дека ако се случеле уставните, Бугарија ќе поставувала дополнителни услови на патот на македонските ЕУ интеграции.

Но, еве, дури и таа претпоставка за бугарски уцени да е валидна, на Македониоја, дури и во едни такви претпоставени околности, и` стојат на располагање две мошне функционални алатки.

Да ги замрзне преговорите, првата, па и да ги напушти, втората.

Отсега, од своите фотелји, без да истрчаат на врелиот преговарачки ЕУ терен каде што треба да се испорачуваат реформски резултати, ниту Мицкоски, ниту Сиљановска можат да знаат, освен ако не гатаат на гравчиња, дека Бугарија ќе не блокирала и тоа на теми кои немаат врска со интеграциските агенди. На теми кои не се теми на пристапниот ЕУ процес и кои воопшто не се теми на ЕУ ниту пак се теми за ЕУ.

Оттука, Кошта во Скопје ич уво не го заболе за гордоста на нашиот премиер и за гордоста на нашата претседателка.

Не го заболе затоа што Кошта добро знае дека и Мицкоски и Сиљановска уште подобро знаат дека не се бугарските уцени главната пречка за почеток на македонските ЕУ преговори, за отворање на првите преговарачки поглавја.

Туку дека се тоа состојбите овдешни. Состојби на целосно нефункционална држава. Згора држава и граѓани со состојба и економски, и социјално, нај бедна во Европа.

Тоа се главните факти што ги знаеме ние овде ама ги знаат и тие таму во ЕУ. Состојби за кои ЕУ, преку преговорите со нас, сака да се вложи и да проба бар малку од малку да ни ги смени.

Да проба да и` дозволиме да ни ја  потспастри државата која ние, нели самите без ЕУ, си ја спаструваме цели три децении. Цели три декади време во кое ептен си ја спастривме. Време во кое ни израснаа ама и ни киднаа и ни кидаат триесет генерации.

И сега, и во ова време, исто.

За една година од предизборните ветувања и Мицкоски и Сиљановска остварија нула.

Судството ни стана 2% , корупцијата ни остана 100%, институциите ни се допартизираа.

Ништо не функционира ако не е со налог од горе. Ништо. Ништо не се менува и без ЕУ нтеграциите, ништо и не ќе може да се смени.

Ништо.

Ќе си останеме држава со најбогата партија во Европа и држава со најсиромашни граѓани во Европа.

А нели реформи, нели антикорупција, нели …  Од тоа сето, ќе остане само „ќе“. Ќе останат само многу „ќе“.

Па сега, Бугарија не` блокирала, ЕУ не не` сакала или некој нов Цацко како Кошта ни е виновен за нашите состојби.

А човекот дојде да си ја заврши својата бирократската бриселска задача.

Дојде на гордите, онака без пардон и без дипломатски лигавења, да им го фрли врелиот ЕУ костен.

Да им ги тресне в лице нивните ЕУ обврски.

И си замина без поздрав па, па сега боли.

Е боли.

ЕУ Зоран Иванов колумна Кошта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.