Published: Friday, July 7, 2017 17:16
Првата тет-а-тет средба на Русинот Владимир Путин и Американецот Доналд Трамп, на маргините на самитот Г20 во Хамбург, почна со размена на љубезни зборови.
“Чест ми е да се сретнам со вас”, рече Трамп.
“Воодушевен сум што ве среќавам и се надевам дека оваа средба ќе донесе позитивен резултат”, одговори Путин.
“Сме зборувале на телефон, но телефонските разговори никогаш не се доволни”, додаде тој.
На ова Трамп рече дека тие телефонски разговори биле “многу, многу добри”.
Средбата продолжува но само со присуство на рускиот и американскиот шеф на дипломатијата и двајца преведувачи. Светот ги чека резултатите од овој прв разговор очи во очи.




