Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љубителите на животни до надлежните: Запрете го убивањето

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 17, 2017 16:33

Активисти и љубители на животни денеска преку протест во центарот на Скопје побараа надлежните институции да преземат мерки со кои, како што велат, ќе престане нехуманиот третман на животните.

Неопходен е, како што порачаа, хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој  што предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни.

Бараат да се воспостави законска забрана за слободната продажба на отровите, полицијата да спроведе истраги, а сторителите да бидат фатени и санкционирани. За секој кој злоупотребува отрови, според нив, без исклучок треба да се изрекува затворска казна.

– Отровот не е решение, туку опасност за сите. Решението е да застанат пред институциите да се бараат повеќе прифатилишта и  самите општини да си направат прифатлишта за да нема проблеми, изјави Марија Качакова од здружението „Активист“.

Снежана Билко, граѓански активист, рече дека проблемот со уличните кучиња треба да се реши од институциите, а не со фрлање отрови штетни за децата и околината. Треба, посочи, да се направат стационари со нормални услови во сите градови.

– Ова треба да се реши под итно и да преземат одговорност. Можеби се работи за индивидуални случаи кои си земаат право да лишат нечиј живот, но сметам дека ова е многу добро изорганизрано, затоа што се работи за Битола, Скопје, Охрид, Кочани, Неготино и други градови. Секој кој дава ваков налог и команда да се убиваат недолжни суштества треба да се запраша каде е човештината во него, кој тоа нас ни ги даде овие суштества и која е нашата должност како луѓе со свест и разум. Нашата должност е да ги чуваме, а не да ги ништиме, изјави Билко.

животни протест труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.