Дека Лионел Меси е една од најголеми светски спортски ѕвезди знаат сите. Но, аргентинскиот фудбалски ас, се чини, е обожуван и меѓу досетливите шверцери не бираат средства и начини за криумчарење на нарко-пратки.
Бизарната вест пристигнува од Перу. Тамошната полиција, во акција во главниот град Лима, заплени 1,417 килограми кокаин чија пазарна вредност е проценета на 85 милиони евра. Дел од кутиите во кои била спакувана дрогата биле со фотографија на ѕвездата на Барселона, а на дел од обвивките имало слика и на шпанскиот крал.
Според перуанските медиуми, пратката била сопственост на криминална група од Мексико.