Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Луѓето со дијабетес ќе кампуваат пред Министерството

1
By Менче Атанасова Точи on June 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луѓето со дијабетес да си ги доплаќаат квалитетните инсулини. Ова го побарала Националната комисија за дијабетес од здруженијата на пациенти на последниот состанок во Министерството за здравство. Од нив било побарано да потпишат документ, а истото ќе се вметне и во Законот.

„На тој состанок побараа да си ги доплаќаме квалитетните инсулини и да потпишеме документ за тоа. Ивица Смоковски од Комисијата ни се изнасмеа во лице побара да потпишеме документ со кој треба да се доплаќа разлика од по 2000 денари месечно по пациент. Не фати паника, страв, има луѓе што немаат леб да си купат, животот им зависи од тие инсулини, а тие бараат да си ги доплаќаме“ изјави Иво Дуковски од здружение на дијабетичари од Струга.

Здруженијата за дијабетес кои денеска се собраа од цела Македонија велат дека имале огромни притисоци од преседателот на Сојузот на дијабетичари, Благоја Димовски кој не ги подржал, ја заклучил вратата, така што тие беа принудени прес конференцијата да ја одржат пред вратата на Сојузот на дијабетичари.

mence3

Притисокот бил толку силен што неколку здруженија откажале во последен момент „Наместо да ги штити нашите интереси, Димовски не само што ми вршеше мене притисок туку изврши притисок и на 5-6 здруженија кои откажаа во последен момент. Тој ги штити сопствените интереси, а тука имаме мали деца чиј живот зависи од инсулините“, изјави Стефан Јовановски од Куманово.

Луѓето со дијабетес е во последните две години се соочуваат со недостиг на инсулини за кои тврдат дека не се квалитетни, се сомневаат во начинот на кој се транспортираат, не чинат апаратчињата за кои тврдат дека не мерат точно, како и иглите кои мора да си ги докупуваат.

„Моето дете има четири години и една година има дијабетес. Знаете ли што значат 1850 боцкања со инсулин во годината и 2500 на малите прстиња, вкупно 4000 боцкања годишно. Единствен стнадард и мерило за инсулините е најефтината цена. Апаратчињата за мерње на шеќер во крвта не мерат точно, така да постои опасност од кома и смрт, по примената доза на инсулин поради тие апаратчиња“, изјави Наташа Деспотовска Димитриевска, мајка.

Денеска тие најавија дека доколку не сменат овие работи и не се подобри квалитетот на инсулините ќе излезат масовно и ќе кампуваат пред Министерството за здравство.

„Бараме целосна и навремена испорака на инсулините, да добиваме квалитетни инсулини и апаратчиња, соодветни игли и да не се врши притисок на лекарите секој новодијагнистициран пациент да се става на хуман, односно евтин инсулин. Доколку не се исполнат нашите барање ќе излеземе масовно и ќе кампуваме пред Министертво за здравство“, изјави Цвете Серафимовски од Баланс МК.

Овој документ покажува како е вршат порачките, односно од 600 предвидени за Прилеп се скратени нарачките, на само 100 инсулини од одреден тип.

mence1

mence2

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.