Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Личните податоци на граѓаните се заштитени и загарантирани

1
By Нова ТВ on August 11, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По лавината реакции на јавноста по веста дека Управата за јавни приходи (УЈП) ќе има 24 часовен пристап до приватните банкарски сметки на граѓаните, директорката на оваа институција Сања Лукаревска на Фејсбук испрати дополнително објаснување на на постапката и особено во делот на заштитата на податоците на граѓаните.

Сакаме да ја информираме јавноста за придобивките за граѓаните и државните институции од спроведувањето на реформата за авоматизирана размена (користење) на податоците од различни, трети страни, вклучително и податоци од финансиските институции.

Воедно, сакаме да појасниме за начинот на којшто тоа ќе се спроведува, имајќи предвид дека се појавија одредени шпекулациии кои немаат врска со реалноста, во делот на заштитата на податоците. Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни.

Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход. Побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Врз основа на едногодишните консултации со сите релевантни институции, на одржани низа состаноци низа состаноци меѓу Управата за јавни приходи, Министерството за финансии, здружението/асоцијација на банките и претставници од банките, Народната банка на РМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци, заеднички се утврди рамката за протокот на овие податоци, нивната содржина, динамика за достава и сл., како и стандардите за сигурност и заштита на личните податоци на граѓаните.

Личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени. Користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е императив за да може УЈП да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат. Издавањето на пополнетите годишни даночни пријави е дел од реформата за поедноставување на постапките за плаќање на персоналниот данок на доход, која УЈП ја спроведе со користење на средства од ЕУ ИПА фондовите. Ова е уште едно олеснување, уште една услуга за граѓаните.

Размената или користењето податоци кои се потребни за даночни цели, е вообичаена пракса во многу администрации во Европа, како на пример Данска, Естонија, Шпанија, Грција и др. Ова е случај и во Македонија.

Согласно веќе важечката регулатива, секоја институција која располага со вакви податоци има законска обврска и е должна да ги достави по барање на УЈП. Користењето на податоци добиени од банките во УЈП не е новина, затоа што и до сега истите се користат редовно во даночната постапка. И постојниот Закон за УЈП и Законот за банки кои во моментов се на сила, регулираат дека овие податоци не се банкарска тајна кога се користат од страна на УЈП во даночна постапка и за даночни цели.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.