Русија ѝ нуди на Украина апсолутно прифатлива опција за договор со кој би завршиле воените дејствија, изјави белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

„Руската страна нуди апсолутно прифатлива верзија на договор на Украина. Тоа го знам сигурно“, рече Лукашенко и додаде дека сè уште е можно Зеленски да потпише договор со Путин.

„Ако Зеленски го одбие тоа, тогаш, верувајте ми, за кратко време ќе мора да потпише акт за капитулација“, додаде тој.