Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 24, 2025 15:27

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура  Зоран Љутков, кое се однесуваше на неисплатените плати, непочитувањето на колективниот договор за исплата на платите на културните работници.

Министре, ова ќе биде мое прво и последно прашање до вас, затоа што знам дека ги слушате реакциите – не од мојата партија или пратеничка група, туку од сите. Претпоставувам дека беше многу лесно од партиска говорница да се напаѓа и да се измислува, а сега да се кажува нешто сосем друго, соочен со реалноста и вистината. Кажавте дека сте биле член на СКРМ во време на потпишувањето на колективниот договор, и јас очекувам – бидејќи вие секогаш сакате правда и исправување на криминал – дека, ако нешто било незаконско во тој колективен договор, требало да реагирате и да укажете, како што денес тврдите. Сакам да знам дали и зошто сега го напаѓате колективниот договор. Дали планирате да го промените членот 65 од истиот колективен договор? Во завршната одредба на овој колективен договор стои дека тој останува во важност до моментот на потпишување на нов колективен договор. Значи, тој е важечки според сите одредби. И вие знаете дека секогаш со мартовската плата во културата се прави усогласување со минималната плата, откако таа започна да расте. И токму моето прашање до вас: зошто не ги направивте новите решенија на време? Зошто урнек-решенијата се испратени на 10 април до установите, знаејќи дека имате безмалку околу 100 културни установи – 49 под Министерство за култура и 49 под локална самоуправа?И зошто дури на 10 април се добиени тие урнек-решенија и не се потпишани од тој што ги изработува? Дали не бевте во државата? Дали во Министерството за култура ова е времето кога се користат ланските одмори, па сега немате таму помош? Или имавте некоја друга намера?“, го праша таа.

 Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска. Јас нема да застанам против моите колеги, тука сум да им ги решам проблемите, посочи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тој од денешната собраниска говорница, за време на седницата посветена на пратенички прашања, на прашањето од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска за ненавремено исплаќање на платите на културните работници, напомена дека проблемот конечно е решен, а исплатата е во согласност со Министерството за финансии.

Иако сум бил член на СКРМ, никогаш не сум рекол дека овој колективен договор е незаконски, туку дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Вие тоа го знаете, уште со самото потпишување сте биле министер за култура. Колективниот договор го потпишал министер кој што појма немал што потпишува и немал направено анализа какви штети ќе направи во културата и дека ќе ја „прелие чашата“, ќе не донесе до тоа 90 проценти да земаме плата, а 10 проценти да земеме за програмски активности. Вие добро знаете дека кога немате поддршка од Министерството за финансии, поточно кога нема позитивна согласност, тоа значи дека средствата ќе треба да си ги обезбедувате од сопствениот буџет. Вие тоа сте го дозволиле четири години. Сега, кога конечно некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, рече Љутков.

Тој ги отфрли шпекулациите дека платите не биле донесени поради неговото заминување на пат.

Не е точно дека сме почнале да правиме посебни решенија, па не сме успеале да ги донесеме платите затоа што јас сум бил на пат. Јас бев во Македонија кога требаше да се решава овој проблем. Јас не сум како вас, да одам во Стразбур во време на најголемата несреќа што се случи во државата. Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот. Конечно направивме пресметка, која што е достојна и која што е законска. Успеавме за неполн месец дена да се собереме, да направиме работна група и да направиме добра проценка како треба да изгледа овој колективен договор и исплатата на пари, со согласност од Министерство за финансии, конечно после четири години, додаде министерот.

Тој напомена дека се надева оти за брзо време во согласност со сите засегнати страни ќе се донесе нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите.

Да, јас бев член на СКРМ и од тој аспект ги знам работите и од надвор, и од внатре од Министерството за култура и туризам. Јас нема да застанам против моите колеги, јас сум тука да им ги решам проблемите. Бидејки овој колективен договор е истечен, се надевам дека за многу брзо време ќе наидеме на разбирање од сите засегнати страни и ќе донесеме нов колективен договор, кој што ќе биде корисен за сите, додаде Љутков.

Бисера Костадиновска - Стојчевска култура Љутков плати скрм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.