Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мачките и смислата за хумор

0
By Светлана Јовановска on February 23, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 23, 2016 16:44

Мачките на Петер Ванхоуте се навреда за ВМРО-ДПМНЕ во овие напнати моменти. Но, за белгиските власти мачките беа вистинскиот одговор во тензичната ситуација низ која минуваше Белгија пред неколку месеци.

Се сеќавате веројатно на минатиот ноември кога белгиската полиција вршеше претреси низ Брисел во потрага во терористите поврзани со атентатите во Париз. На барањето на полицијата до сите корисници на Твитер да не даваат информации за претресите, твитерџиите почнаа да постираат мачки. Информацијата брзо го обиколи светот.

Полицијата утредента им се заблагодари на мачките за ефикасната соработка со полна чинија крокети.

Ете идеја за македонските политички партии како да им се заблагодарат на мачките на посредникот.


За мачките кои ни помогнаа…. Послужете се!

Тоа што нашиот белгиски посредник посегна за мачките не е обид да ја развесели македонската јавност. Напротив, тоа е обид, на лежерен начин, да укаже дека ситуацијата е повеќе од сериозна.

Историјата помеѓу мачките и Белгија е стара и добро позната. Ако сте биле во Белгија и ако сакате чоколадо, веројатно сте виделе дека чоколадите им се понекогаш во форма на мачка.

Белгија е позната по надреализмот кој му има дадено на светот цела редица познати претставници. Најпознатиот надреалист е веројатно сликарот Рене Магрит. Во 1946 година тој го наслика својот сопствен мачор Раминагробис, име на мачор од басните на Ла Фонтен. На гуаш сликата се гледа огромен мачор седнат на пруга.


Раминагробис, мачка чека воз

Втор пример, посовремен, е ликот на мачорот на белгискиот карикатурист Филип Гелук. Од 1980 година па досега тој има објавен повеќе дестици стрипови во кои главен лик е мачорот кој ги коментира актуелните настани со смисол за апсурден смисол за хумор.


Веќе имаше 2000 година 2000 години пред Исус Христос. Арно ама тоа тогаш никој не го забележал

Третиот пример е белгискиот драматург Жак Стернберг, роден во Антверпен, кој има напиша повеќе текстови посветени на мачките. Овде во пренесуваме фрагмент од неговиот текст во кој авторот објаснува како мачките станале газди на светот:

“На почетокот, Господ ја создаде мачката по неговиот лик. И се разбира, сметаше дека тоа е добро. И беше добро. Ном мачката беше мрзлива. Не сакаше ништо да работи. Така, подоцна, по неколку милениуми, Господ го создаде човекот. Со цел да и служи на мачката и да и биде роб до крајот на времето.

На мачката и беа дадени луцидност и мрза; на човекот и беа дадени неврозата, талент за импровизирање и страст за работа. Човекот беше среќен. Во текот на столетијата, тој изгради цела цивилизација заснована врз инвентивност, производство и интензивна потрошувачка. Цивилизацијата имаше всушност во реалноста само една тајна цел: да мачката да и се пружи комфор, покрив над главата и оброк.

Тоа значи дека човекот измисли милиони непотребни предмети, главно апсурдни, сето тоа за да се произведат паралелно и неколку предмети кои се неопходни за благосостојбата на мачките: радијатор, перница, чинивче, тепих и можеби радио бидејќи е познато дека мачките сакаат музика. Но од сето тоа човекот не знае ништо. Нека му е на здравје. Нека биде благословен. Тој верува дека е. Се најдобро во најдобриот од световите на мачките”.


Жак Стернберг

Едно е сигурно. Мачките во Белгија се сигнал дека за силен показател на надреализмот во оваа земја.

Конечно, најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во состаноци кои го води Ванхоуте и по целата серија навреди на негова сметка испратени преку провладините медиуми, не остави некој силен впечаток врз ЕУ. Тие порачаа дека Ванхоуте го води техничкиот дел од преговорите и човекот, како и во секоја демократија, е слободен да го кажува своето мислење па ако сака и преку мачки.

Секој со својот смисол за хумор. Има разлика нели?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.