Венецуелскиот претседател Николас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска венецуелското Министерство за надворешни работи.
„Глобалната анализа покажува дека коронавирусот може да биде оружје што е создадено за водење на биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се запали алармот и да се спречи употребата на корона-вирусот против Кина и други земји“, рече Мадуро, пренесен од руските медиуми.
Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители. Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот.