Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маестро Унковски со премиера на “Три сестри” во Загреб

0
By Нова ТВ on January 17, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2014 12:32

Претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во изведба на Градскиот драмски театар од Загреб, што ја режира Слободан Унковски, премиерно ќе биде изведена вечерва (петок, 17 јануари) во театарот „Гавела“ во Загреб. Toa e една од петте премиери во овој театар сезонава, а прва претстава на оваа сцена во календарската година.

Ова е првпат познатиот македонски режисер да работи во Хрватска. Во претставата, трите хероини на Чехов: Олга, Маша и Ирина ги играат Јелена Михољевиќ, Дијана Видушин и Ивана Рошчиќ, а драмата напишана во 1900-та година ќе биде прикажана од аспект на современоста, откривајќи ги неврозите и опсесиите на сегашноста.

Претставата „Три сестри“ на Чехов во театарот „Гавела“ последен пат е поставена во 1984 година, во режија на Ивица Кунчевиќ.

Во пресрет на прикажувањето на Чеховите „Три сестри“, хрватските медиуми „Јутарњи“ како и политичкиот магазин „Актуал“, објавија интервјуа со познатиот драмски режисер.

– Јас ја избрав актерската екипа. Бев во Загреб неколку пати по два-три дена и ги гледав претставите. Ги сретнав глумците, секој од нив посебно, ги гледав, разговарав со нив, мислев и така дојде до поделба на улогите, вели Унковски во интервјуто за „Јутарњи“.

Македонскиот режисер вели Чехов за него е доста специфичен, а за прв пат го поставил пред речиси осум години во Скопје и Белград.

„Многу е скормен и бескрајно симпатичен. Многу е тешко во него да се препознае поранешен Министер за култура, угледен режисер и некогашен професор на Харвард“, пишува за него хрватски „Јутарњи“.

Во интервјуто за „Актуал“, режисерот Унковски објаснува како дошло до соработка со Хрватска.

– Откако директорот на „Гавела“, Дарко Стажиќ ми предложи да ја поставам претставата во овој театар, започнав разговори за насловите, и на крај одлучивме тоа да бидат „Трите сестри“. Таа претстава најмногу и одговара на моите моментални интереси и квалитетите на ансамблот на овој театар. Воедно, во последно време театрите доста се занимаваат со политички обоени текстови, па сметам дека е добро да се вратиме на едноставните, но важни теми како што се љубовта и одминувањето на времето…текстот не го модернизирав намерно, туку го прилагодив и „преведив“ во денешно време.

Беше тоа комплициран процес со оглед на тоа што станува збор за Чехов, кој покрај Шекспир и други врвни писатели, е потполно заокружен, би рекол дефинитивен, објаснува македонскиот драмски режисер.

Тој вели не се посветил на филмот и мисли дека тоа е друга некоја професија. Напоменува дека понекогаш му е жал, но дека во неговата куќа сега има неколку филмски режисери, и самиот не сакал да го зема редот.

Слободан Унковски работеше како професор на ФДУ во Скопје, а денес ги води постидпломските студии. Предавал и во неколку универзитети во Америка, меѓу кои и Харвард.

– Во почетокот на 90-тите добив стипендија од Фулбрајт и пет месеци предавав на Бруклин колеџ. А потоа во „Вол Стрит Џурнал“ причитав дека на Харвард се отвора нешто што за прв пат имаше врска со глумата – Институт за напреден драмски тренинг. Отидов на разговор и бев примен од страна на Роберт Сенфор Брустајн, доста почитуван американски критичар, продуцент и сценарист.

Унковски работеше во САД, Германија, Русија, Словенија, Србија, Грција…а сега и за прв пат во Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.