Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Магичната флејта на Вулфи“  на Тина Иванова во Македонската филхармонија

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2026 09:52

 

На 14 март,сабота, со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца со премиера на новата приказна „Магичната флејта на Вулфи“. Авторката на приказната, Тина Иванова, ќе биде и нараторка на концертот.

Како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски.

Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

„Магичната флејта на Вулфи“ е книга за деца инспирирана од музиката на Моцарт, но се работи за автентична приказна која што го опишува авантуристичкиот карактер на малечкиот Вулфи и неговата средба со „магичната флејта“. Неговите палавштини, разно-разни активности, комичните игри, љубопитноста и потрагата по мистериозното, го прикажуваат неговиот интересен карактер, којшто се обликува и преку комуникацијата со останатите ликови во приказната како таткото, неговата тетка Марија Лепка Лепенка, репкачкиот сосед – чичко Франц, магичната флејта…

Огромната љубопитност на мали от Вулфи, всушност, еден ден ќе го одведе до визбата на неговиот татко, каде што ќе се сретне со МАГИЧНАТА ФЛЕЈТА.

Таа, со нејзините звуци и пискав „глас“, ќе му помогне да му се оствари најголемата желба, а тоа е, да стане славен музичар.

Приказната е збогатена со фантазија и малку магија, која на крајот станува реалност. Претставата има забавен, но и едукативен карактер, со што идејата е да се поттикнат најмалите да ја заскааат музиката на Моцарт и славните класичари, а во истовреме, преку забава, да научат дека фантазијата и секоја желба ако е голема и искрена, на крајот се остварува.

 

 

книга тина киванова Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.