Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со „Audi Q7“ слетал во реката Босна во Добој, БиХ, не е повреден, потврдија за Српскаинфо во полициската управа во Добој.

Драгана Керкез, портпаролка на оваа Управа, информираше дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа при којашто автомобил излетал од патот кон реката Босна, пишува Српскаинфо.

– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачот учествувале полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот – Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица – Добој, додаде Керкез.

Таа појасни дека возачот превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом во Добој.

Увид извршиле службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.

Српскаинфо претходно објави дека по несреќата тој излегол од автомобилот, се качил на покривот и чекал помош. Со чамец до него стасале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.