Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е инструмент за самокамшикување на Македонците

0
By Zoran Ivanov on June 30, 2024 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 30, 2024 20:01

Бранко Тричковски

Пред една недела напишав два сериозно смешни статуса на кои во оваа прилика ќе си земам слобода да ве потсетам.

Така му звучи попристојно отколку да речам дека ќе се цитирам.

Значи, вака:

„Офаманаман дознава дека на состанокот на НАТО во Вашингтон, меѓународната заедница ќе се обиде на Мицкоски да му втисне огнен жиг на челото, како што на времето каубоите ја бележеле стоката, или да му закачи жолта маркичка на десното увце, демек, ако се загуби да знаат тие што ќе го најдат дека е од Северна Македонија, без обврска да го враќаат, фала богу. Ако, пак, не се загуби, да има слободното новинарство во Нордот што да го праша, демек, од што му се белезите. Истовремено, ќе биде многу глупаво така бележан да продолжи да го заебава северџанскиот народ дека бил македонски, а комшиите со називот на земјата што, по сѐ изгледа, не ја чувствува како своја. Глумата. Јас да сум на негово место не би одел без поголема плоска сингл малт виски, лекот што го користеше лудиот професор Хоаким Феникс во филмот во кој сакаше да ја убие Ема Стоун во дупката од лифтот, па самиот се утепа.“

Хахаха!

Па ја финиширав темата со следното статусче:

„Уште малку, драги мои, и Мицко ќе престане да го заебава северџанскиот народ дека бил македонски, сѐ ќе ви стане јасно во Вашингтон.“

Овие реакции уследија по изјавите на премиерот дека по прашањето на името е принуден да капитулира (!) и дека на состанокот на НАТО во Вашингтон не мисли да се крие под масата на која ќе стои таблата со неговото име и името на државата, ниту, као случајно, мисли да ја бутне со чантата во која е неговиот возбудлив говор во кој освен за климатските промени и проблемот со комарците во Скопје, ќе говори и за неправдите кои на народот на Нашата земја му се нанесени со името, знамето, уставните промени, османската и бугарската окупација, српската ќе ја заборави, нормално, албанското ропство и слично, туку дека ќе ја истрпи таа заробеност на меѓународната заедница и цело време ќе седи зад Северна Македонија како работен наслов.

Тоа и е проблемот.

Новата власт во Северна Македонија ќе ја прифати реалноста на Преспанскиот договор и новото име на државата како комуникациско решение, како нотарски заверена изјава (Мицко) со која ќе се легитимира пред светот кога ќе ја поминува рампата кај Табановце, но тој во својот светоглед останува да не ја разбира суштината на баналната додавка на името, односно суштината на Договорот од Преспа и на позицијата на државата и на луѓето, на Македонците како најзагрозена група посебно, што дополнително, прво ќе ги спушта неговите и онака повеќе од скромни премиерски капацитети и, второ, бидејќи тие признанија ги дава во некаква административна аранжираност, а не како суштинска идеја за опстанок и напредок на Македонија, секогаш ќе може случајно или намерно, да ја малтретира македонската јавност и меѓународната заедница, комшиите пред сѐ, со своите приватни права и слични идеи за провокации и кочење на државата. Што и досега се покажа како смислена политика на вмро-дпмне.

Не случајно заедно со претходните два статуса одеше уште едно:
„Вмро е непрекинато движење назад.

Тоа движење не е ништо друго туку непрекинато нижење на злосторства, кои ги обновува, имено, со тие злосторства.“

Тоа го рекол уште Маркиз Де Сад, на кого после многу време му се приклучиле и Грофот Тричковски како и Царот на Разумот.

Хахаха!

Со други зборови: Северна Македонија може, макар што јас се сомневам и во тој аспект, формално и технички да напредува, но во новиот свет ќе влече со себе народ кој ментално, филозофски, светогледно, е смачкан во претходните активности на злосторничката инсталација на вмро-дпмне и не е во состојба да го сфати и поднесе тој напредок, едни затоа што се разочарани од вмро, а втори затоа што ја губат сопствената веродостојност со прифаќањето на егзибициите на својот лидер. Тие се прашуваат дали и тие сега ќе бидат Северџани како што нас нормалните нѐ заебаваа пет-шест години, затоа што им фали делот од сивата маса кој ќе им каже дека биле глупави и кога нас нѐ заебаваа и сега кога се плашат дека ќе бидат тоа што не можат да бидат.

Ете, почитувани, тој хаос, таа меласа од поранешниот македонски народ, тие чувства и неразумности, се резултат на вморонската политика и култура, по стоти пат ќе повторам – не како грешка туку како цел.

Уште едно потсетување, Бугарите во Уставот како тема која останува да виси како прекрасен инструмент за заебавање на „бившите“ Македонци.

Речиси сум сигурен дека фројдовско-лакановската наука за човекот ќе открие дека во потсвеста на Македонецот клечи Бугарин со комплекси. Мораме да легнеме некој патриот или уште подобро лажен и надуван патриот на каучот за психоанализа за да дојдеме до вистината за себе. Која ќе ни помогне да се излечиме. Бугарската агресија поради тоа не би била помалку глупава, но македонската реакција без тој црв во потсвеста не би била вака жестока. Паничниот страв од бугаризацијата влече корени од тие комплекси. Бугари од нас никогаш нема да биде, но тоа не е доволно за да бидеме Македонци. Добри и успешни Македонци. И слободни. Шансите и дострелите на реалното македонство во иднина ќе се мерат не според  дистанцата и стравот од Бугарија, туку според националните успеси во услови на блискост со Бугарија.

Звучи чудно (хахаха, ми текна на Хорхе) но така е.

Така што: Уставни промени веднаш, а веднаш после нив или пред нив, соочување со себе, отворено, не копање по единаесеттиот век или уште подлабоко, туку ослободување на Македонците од Македонија како инструмент за самокамшикување. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.